Крали Марко треил

Здружение за планинско трчање „ТРЕКС” потпомогнато од Општина Прилеп, ја организира тркатa во планинско трчање, Крали Марко Треилс – „По стапките на Крали Марко”. Крали Марко Треилс е повеќедневен настан каде централно внимание заземаат пет трки во планинско трчање кои се одвиваат во околината на градот Прилеп, Марковите Кули и планината Бабуна. Оваа област изобилува со природни убавини и културни споменици од минатото, a дел од нив се влезени во прелиминарната листа за заштита од UNESCO – https://whc.unesco.org/en/tentativelists/1918/. Настанот претставува најголемата трка во планинско трчање во Македонија. Сите трки започнуваат и завршуваат во најстарата населба во Прилеп – Варош, а за 2019 година предвидени се три трки со различни дистанци и една детска трка
  • Козјак Треил
67 километри 3600 метри денивелација, старт 28.09.2019 во 08:00 часот по локално време, 3 поени за УТМБ – Ултра Треил ду Мон Блан – Верификувано од ITRA
  • Камена Баба Треил
34 километри 1750 метри денивелација, старт 28.09.2019 во 10:00 по локално време 2 поени за УТМБ – Ултра Треил ду Мон Блан – Верификувано од ITRA
  • Трескавец Треил
16 километри, 800 метри денивелација, старт 28.09.2019  во 10:00 по локално време
  • Маркукуле Треил – Детска трка
1 километар, старт 28.09.2019 во 10:30 по локално време.   Повеќе информации на: https://kmt.mk/en/home/