Бабунска темјанушка

Бабунската темјанушка (Viola babunensis) претставува едногодишно или повеќегодишно тревесто растение, во основата силно разгрането, со висина од 5-10 cm. Листовите се со густи четинести влакна. а цветовите се средно големи и без мирис. Бабунската темјанушка е македонски ендемит и расте по каменити места, пукнатини на карпи, на гранит и гнајс, од 700-1.300 метри надморска висина.

Видот е утврден на неколку локалитета во Македонија. а во СП Маркови Кули е присутен во близината на манастирот Трескавец и грамадата Маркови Кули. Во национални рамки. бабунската темјанушка е заштитен вид.