Гусишиева кандилка

Гусишиевата кандилка (Fritillaria gussichiae) најчесто расте на варовничка подлога и достигнува височина до 30 cm; соцветието содржи најчесто 1 -3 цвета. Преставува балкански ендемит и е вклучена на Светската Црвена листа на загрозени видови (IUCN, 2015).

Значаен растителен вид е во меѓународни рамки, и подлежи под режим на строга заштита во согласност со Директивата на ЕУ за живеалишта и Бернската конвенција. Во национални рамки, гусишиевата кандилка е заштитен вид.