Хронологијата на изградбата на двете цркви посветени на Богородичиното Воведение – Богородица Пречиста и апостолите Петар и Павле не може со сигурност да се определи. Црквата Богородица Пречиста претставува еднокорабна градба, додека порепрезентативно решение поседува екстериерот на црквата Св. Петар и Павле, каде е евидентна тенденција за имитирање на фасадната ѕидарија од црквата Св. Никола. Единствен репер за хронолошко детерминирање на овие два објекти се скромните остатоци од нивниот фрескоживопис, прелиминарно датиран кон крајот на 14 век.
Црква „Св. Богородица Пречиста“