Црквата Св. Атанасиј припаѓа на архитектонскиот тип на крстообразни градби од развиен тип со купола која се потпирала на четири масивни камени столбови. Делата на старите патеписци говорат дека во средината на 19 век таа била целосно сочувана, а нејзината внатрешност била прекриена со живопис. Со рушењето на куполата и горните партии од градбата, под влијанието на атмосферските води фреско сликарството целосно пропаднало. Сепак, од сочуваните сегменти препознатлива е некогашната монументалност на градбата, која била ѕидана од првилно обработени камени блокови и тули во opus cloisonné.
Црква „Св. Атанасиј“