Здружение за планинско трчање „ТРЕКС” потпомогнато од Општина Прилеп, ја организира тркатa во планинско трчање, Крали Марко Треилс – „По стапките на Крали Марко”.
Крали Марко Треилс е повеќедневен настан каде централно внимание заземаат пет трки во планинско трчање кои се одвиваат во околината на градот Прилеп, Марковите Кули и планината Бабуна. Оваа област изобилува со природни убавини и културни споменици од минатото, a дел од нив се влезени во прелиминарната листа за заштита од UNESCO – https://whc.unesco.org/en/tentativelists/1918/.
Настанот претставува најголемата трка во планинско трчање во Македонија.
Сите трки започнуваат и завршуваат во најстарата населба во Прилеп – Варош, а за 2019 година предвидени се три трки со различни дистанци и една детска трка
-
Козјак Треил
-
Камена Баба Треил
-
Трескавец Треил
-
Маркукуле Треил – Детска трка