Јавна расправа за планот за управување со споменикот на природата Маркови Кули

На ден 31 Јануари 2020 година се одржа Јавната расправа за Планот за управување со Споменикот на природата Маркови Кули во собраниската сала на Општина Прилеп.

На истата беше презентиран Планот за управување и Извештајот за стратегиска оцена на животната средина за План за управување со Споменикот на природата „Маркови Кули“ – Прилеп по што проследи дискусија на која што заинтересираните страни ги изнесоа своите предлози за дополнување и измени на планот за управување.