Меѓународен прилепски карневал – Прочка

Маскирањето на Прочка во Прилеп постои одамна. Овај традиционален обичај го одразува етно – културниот идентитет на Македонија и претставува уникатна појава на Балканот, Европа, па и во светот. Многувековното празнување на Прочка од 2001 прерасна во организирана културна манифестација „Прилепски карневал“ со меѓународен карактер, а на 21 Мај 2006 истиот стана член на Европската Федерација на Карневалски Градови FECC. Секоја година Прилеп е домаќин на над 300 гости од повеќе држави од Европа. Низ центарот на градот дефилираат над 1000 групни и поединечни маски, а за најубавите следуваат награди. Покрај дефилето на маски, настанот е збогатен со концерти, клубски забави, настапи на културно – уметнички друштва, изложби на маски, како и презентации на традиционалната македонска трпеза. Прилеп ќе биде домаќин на 32. Конвенција на FECC во 2012 година.

линк до официјалната веб страна на меѓународниот карневал Прочка