Македонски театарски фестивал “Војдан Чернодрински”

Македонскиот театарски фестивал “Војдан Чернодрински” е конституиран 1965 година на иницијатива на Здружението на драмските уметници од Република Македонија. Фестивалот го носи името на основоположникот на македонската драма – Војдан Чернодрински, драмски автор, актер и режисер. Традиционално секоја година се одржува во градот Прилеп во почетокот на месец јуни.

Првата претстава на овој реномиран фестивал се одржала на 4 јуни 1965 година.

На Фестивалот континуирано се презентираат најдобрите театарски / драмски остварувања од целокупната македонска театарска продукција работени според дела од светската драматургија а особено се афирмира македонското драмско творештво.

Фестивалот има натпреварувачки карактер во Официјалната програма.

Фестивалот е од посебен државен интерес и единствен од ваков вид Финансиран од Министерството за култура на Р. Македонија, Локалната самоуправа и од донации и спонзорства.

Уметнички директор на Фестивалот е Катарина Коцевска. Таа ја следи целокупната театарска продукција и предлага концепт за Официјалната и Придружната програма како и останатите содржини на Фестивалот.

Директор на Фестивалот е Катарина Коцевска, актерка.

https://www.mtf.com.mk/2018/index.php?mn_sel=home

Меѓународен прилепски карневал – Прочка

Маскирањето на Прочка во Прилеп постои одамна. Овај традиционален обичај го одразува етно – културниот идентитет на Македонија и претставува уникатна појава на Балканот, Европа, па и во светот. Многувековното празнување на Прочка од 2001 прерасна во организирана културна манифестација „Прилепски карневал“ со меѓународен карактер, а на 21 Мај 2006 истиот стана член на Европската Федерација на Карневалски Градови FECC. Секоја година Прилеп е домаќин на над 300 гости од повеќе држави од Европа. Низ центарот на градот дефилираат над 1000 групни и поединечни маски, а за најубавите следуваат награди. Покрај дефилето на маски, настанот е збогатен со концерти, клубски забави, настапи на културно – уметнички друштва, изложби на маски, како и презентации на традиционалната македонска трпеза. Прилеп ќе биде домаќин на 32. Конвенција на FECC во 2012 година.

линк до официјалната веб страна на меѓународниот карневал Прочка

 

Фестивал на пивото

„Пивофест“ е туристичка манифестација која што има 17 годишна традиција во Прилеп. Оваа ревија на врвни пива и специјалитети на скара, дополнета со фонот на избрани музички брендови на Балканот, е туристичка атракција, која што предизвикува интерес и кај љубителите на овој тип забави не само од Македонија, туку и пошироко на Балканот. Последните неколку години почетокот на фестивалот коинцидира со верскиот празник „Петровден“, а манифестацијата трае 4 дена. Има извонредна посетеност. Оваа година за прв пат, паркинг просторот дневно ќе се наплаќа по 50 денари или по двојно пониска цена во споредба со минатите години.
Манифестацијата се одржува во центарот на градот, така што сообраќајот во овој период се пренасочува по другите поголеми сообраќајници, со цел да се обезбеди безбедна пешачка зона. За безбедноста на храната, хигиената, јавниот ред и мир, примената на сите современи стандарди за организација на ваква забава се задолжени сите јавни претпријатија и други надлежни институции.Поради масовната посетеност за време на фестивалот пополнети се сите сместувачки капацитети,така што неколку дена пред оваа забава се бара соба, кревет повеќе. Од фестивалот на пивото и скарата, свој бенефит има и прилепската чаршија.
Повелете на „Пивофест“ во Прилеп. Вкусете ги познатите специјалите на скара, освежете се со ладно пиво, и уживајте со изборот музички нумери од годинешните учесници.

ЏЕЗ викенд

Неколкумина прилепчани вљубеници во модерната JAZZ музика, а со желба за збогатување на музичкиот живот во градот , иницираа манифестацијата која ја нарекоа Прилеп џез викенд.

Прилеп Џез викенд се одржува последниот викенд во Август месец.

https://prilepjazz.mk/